На младите мајки не им е лесно и понекогаш нивното однесување тешко се разбира од луѓето околу нив. Но оваа млада мајка во Шенжен, Кина, навистина полудела штом се обидела да направи вакво нешто на својот првороден син.
Според вработените во болницата, една од медицинските сестри за време на нејзината обиколка ја фатила 24-годишната мајка Ли Женгуа како се обидува да си го изеде сопственото бебе.
Кога сестрата видела што се случува, повикала помош и успеала да ја спречи Женгуа да ја стегне вилицата околу раката на бебето. Но, Женгуа одбивала да им го предаде детето на сестрите, па морале да ѝ дадат седативи и да ја врзат за да го спасат детето.
„Беше навистина шокантно“ изјавило медицинско лице од болницата.“Раката на бебето беше сериозно повредена и не само што му беше помодрена, туку и крвареше обилно како резултат на гризењето. За среќа, докторите успеаја да ѝ вметнат нешто во устата за да спречат да загризе силно и потоа ѝ ги раздвоија вилиците. Потоа ѝ дадоа седатив и го одведоа бебето на безбедно место.“
Се вели дека Женгуа живеела на улица со недели пред да роди, бидејќи нејзината свекрва ја исфрлила на улица. Во моментот се одвива истрага за точните околности кои довеле до овој немил настан, а допрва ќе се решава дали бебето ќе ѝ биде вратено на мајката.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!