Џунбаг Ведингс, кои секоја година одбираат 50 уникатни фотографии за нивната колекција „Најдобри од најдобрите свадбени фотографии“, го објави својот избор за 2016 година. Оваа година на конкурсот биле пријавени 9000 дела од преку 700 фотографи од 45 различни земји.
Кери Крукс, извршен директор и уредник на Џунбаг Ведингс, изјави: „Тоа што ме прави особено горда е што овогодинешната колекција ви овозможува да ги почувствувате свадбените чувства преку овие 50 фотографии – ова е моќно емотивно искуство. Не сум изненадена што фотографиите постојано откриваат нови локации бидејќи светот е толку голем и има толку многу прекрасни места за истражување. Оваа година трендот беше патувањето.“
Издвојуваме дел од овие фотографии, за ваше уживање.