Јуџин Мерер е 26-годишен студент од Германија, кој ја направил рекламата со надеж дека некој од Адидас ќе му ја откупи. Приказната е за еден поранешен шампион во трчање кој живее затворен во пензионерски дом. Видеото до сега го виделе над 5 милиони луѓе, а бројката расте секој момент.