Слеп поранешен доктор врзал камера на неговото куче водич за да го сними секојдневното злоставување на кое е изложен од страна на неговите сопатници во јавниот превоз. Амит Пател, кој го изгубил својот вид по трансплантирањето на рожницата, вели дека постојано го поттурнуваат додека се движи низ Лондон. 37-годишниот човек тврди дека патниците често го прескокнуваат неговото куче Кика, па дури и ја удираат со чадори за им се тргне од пат.
Поранешниот доктор работел низ болниците по Лондон, кога пред три години почнал да го губи својот вид. Бил подложен на шест операции за трансплантација на рожницата во Британија, и на дополнителни две во Америка. Кон крајот на неговото студирање му била дијагностицирана болеста кератоконус, која го менува обликот на рожницата. Кога состојбата му се влошила, бил подложен на хируршка интервенција, но секојпат телото му ги отфрлало трансплантантите.