Езерото Карачај се наоѓа во југоисточниот регион Челјабинск, во близина на границата со Казахстан. Наоѓајќи се на територијата на комплексот Мајак, еден од најголемите производители на нуклеарно оружје, езерото е толку загадено со радијација што се смета за најзагаденото место на планетата.
Мајак бил држан во тајност сѐ до 1990 година. Изграден во 1940 година по завршувањето на Втората светска војна, овој локалитет бил недостапен сѐ до 1992 година кога претседателот Борис Елцин издал декрет со кој локалитетот станал отворен за истражување. Веднаш бил прогласен за најзагадено место на планетата.
Во 1990 година, само со стоење на брегот на езерото би добиле радијациска доза од 600 рентгени, повеќе од доволно да ве убие. Штетата од лошото справување со нуклеарниот отпад била ужасна. Кога постоењето на Мајак официјално било признато, во регионот Челјабинск имало зголемување на смртност од канцерогени заболувања во износ од 21 отсто, 25 отсто зголеменост на вродени аномалии и 41 отсто зголемување на бројот на заболени од леукемија. Русите редовно исфрлале нуклеарен отпад во блиската река Теча, и како последица на сето тоа морале да бидат евакуирани 23 од 40-те села во регионот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!