Последните физички експерименти и математички пресметки ја поддржуваат претпоставката дека ние живееме во мултивселена. Со други зборови кажано, според науката, има голема веројатност дека живееме во една од многуте паралелни димензии.

Основната логика

pr01

Освен објаснувањето дека вселената е создадена од Бог, не постои логичен начин да се објасни слевањето на сите променливи во еден систем кој го сочинува нашиот универзум. Едноставно сѐ е премногу совршено и статистички невозможно да се создадат сите неопходни и совршени услови за појава и развивање на живот. Поголем смисол би имало тој совршен систем да има повеќе нацрт-верзии, а на крајот на краиштата, не мора да значи ни дека нашата верзија е конечната. Но ако има уште многу други светови…каде се тие?

Вселени меури

pr02

Можеби секоја вселена суштествува во свој меур. Според оваа теорија, меурите постојано се шират, бидејќи Големата експлозија во нивното средиште потиснува нанадвор. Според оваа теорија, надвор од нашата вселена постојат и други слични меури со различни големини, а можеби суштествуваат и меури во внатрешноста на други меури. Првичните компјутерски симулации при Лондонскиот универзитетски колеџ посочуваат дека – да – постои можност за такво нешто.

Бескрајни вселени

pr03

Древните митологии претпоставуваат за постоењето на повеќекратни димензии (како што Асгард и Мидгард, т.е. Земјата се само два од многуте светови во норвешката митологија). Но според овие митологии, мултивселената е подредена на линеарен начин. А и ова исто така е сосема можно. Ако вселената е рамна (а веројатно и е), се верува дека се шири во бесконечност – како бескрајна шаховска табла или чаршаф со коцки, секоја со своја Голема експлозија во средиштето. Тоа што ја прави оваа теорија особено интересна е, ако мултивселената е бесконечна, тоа значи дека теоретски е можно таа да почне да се повторува себеси со незначителни разлики при повторувањет

Севкупна мултивселена

pr04

Ако вселената е бескрајна (а квантната механика навистина ја претпочита оваа идеја – инаку однесувањето на субатомските честици би немало никаков смисол) – тогаш секој пат кога ќе направите некаков избор, ќе се создаде ќерка вселена, во којашто сте донеле сосема спротивно решение на тоа коешто сте го донеле во оваа.

Имајќи предвид колку многу алтернативни реалности би се создавале секојдневно од секој човек, животно, инсект и воздушна струја на овој свет – постои можност за постоење на мноштво универзуми (од коишто многу би ги претставувале зли верзии-близнаци на вашето сопствено постоење). Со други зборови, според оваа теорија, секоја математички можна варијанта во нашиот свет можеби преставува некој друг, паралелен свет.

Измислена мултивселена

pr05

Како што филмовите, романите, видео игрите, вашите мечти итн. претставуваат свет за себе, можеби и ние самите сме дел од таква некаква измислица, дел од нечиј сон, на пример.

Математичка мултивселена

pr06

Со помош на математиката правиме пресметки за нашата вселена. Но, постои математичка можност дека ние постоиме само за тоа математичките мултивселени да имаат што да пресметуваат. Тоа е нешто како во филмот Матрикс, само што во овој случај ние не сме тука поради енергијата која им е потребна на машините, туку бидејќи на машините им станало досадно, па си измислиле нешто да им поминува времето.

Симулирана мултивселена

pr07

Исто така е можно нашата вселена да е само симулација-модел, зготвена за некаде нешто да се тестира. И ова е навистина една од теориите во физиката, а не само дел од „Автостоперски водич низ галаксијата“. Би можеле да сме огромен биолошки експеримент со којзнае каква цел. И веројатно нема никогаш да го дознаеме тоа, ниту целта за нашето постоење, или кои се создателите на сево ова и нивните вистински вселени, или дали и самите тие не се дел од некоја симулација итн.

Паралелни вселени

pr08

Дури е можно и дека сите паралелни вселени се буквално паралелни, поставени еден врз друг во различни димензии, делејќи го истиот простор и време. Но, очигледно има нешто што ги спречува сите тие нивоа да дојдат во меѓусебен допир. Теоријата на струните во мејнстрим физиката сугерира дека рабовите на меурите, или шаховските коцки или што и да се, не се допираат помеѓу себе. Кога би се случило такво нешто, тоа би значело катастрофа. Секогаш кога две вселени ќе налетаат една на друга, ќе се случи нова Голема експлозија и сѐ ќе почне од почеток.

Не постои начин да се тестира бесконечноста

pr09

Математички кажано, бесконечноста е број кој многу тешко дека некогаш ќе го добиеме. Сѐ поновите и поразработените компјутерски симулации можат да пресметаат како би изгледала вселената ако некоја од теориите за мултивселената се точни. Но, секогаш кога ќе стигнеме до работ на нашта вселена, излегуваме од границите на нашата наука и сѐ што ни преостанува се – шпекулациите.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено