Одам во една кинеска продавница да си купам било какви очила. Гледам вакви, онакви… Со ултравиолетова заштита, со вакви рамки, со ваква боја…
Доаѓа продавачот и ми вели:
– Имам јас за тебе едни специјални очила, дојди.
Ги земам јас од него специјалните очила, ги ставам, погледнувам – сите наоколу голи!
Ги вадам – облечени, пак ги ставам – голи! Не прашувам за цена, ги земам, трчам на улица и го повторувам тестот. Ги ставам – сите голи! Ги вадам – облечени! Брзо, со трчање се враќам дома со очилата, за да се исчаламам пред жената. Влегувам – жената и комшијата голи! Ги вадам – пак голи! Да ти се плукнам во кинеското ѓубре, да ти се плукнам! Кога успеаја да се расипат?!!!