Куче жестоко нападнало тројца членови на семејство откако тие се обиделе да му навлечат Божиќен џемпер. 52-годишната Бренда Гереро од Тампа, Флорида, била во својот двор обидувајќи се да му навлече празнична облека на питбулот Скарфејс, кога тој ја нападнал, гризнувајќи ја за раката. Нејзиниот сопруг, 46-годишниот Исмаил Гереро се обидел да го оттргне кучето од неговата жена, но тогаш животното го нападнало и него.
Откако нивниот син Антоан Харис го прободел кучето во главата и вратот, сите тројца успеале да избегаат назад во куќата. Веднаш била повикана полиција и здружение за контрола на животни. Полицијата истрелала стреличка за смирување, и во тој миг кучето успеало да влезе во куќата каде што имало и две мали деца. Тогаш полицијата употребила електричен пиштол. Од полицијата известуваат дека кучето било многу агресивно. Сопружниците имаат сериозни повреди, но нивниот живот не е во опасност.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!