20-годишната Ели Џонс се родила со вроден деформитет на лицето порад кој забите ѝ пораснале неправилно. На 14-годишна возраст отишла да побара протези за нејзините неправилни заби, а нејзиниот забар утврдил дека нејзината вилица престанала да расте уште откога имала осум години. Г-ца Џонс од Рил, Велс, потоа посетила максилофацијален хирург кој ѝ помогнал да го преобрази својот живот во текот на следните шест години. И така, сега таа се надева дека ќе ја освои круната Мис Велс откако од „грдо пајче“ се претворила во „прекрасен лебед“.
„Толку многу се срамев поради тоа. Сега се чувствувам како друга личност. Имам толку многу повеќе самодоверба, се чувствувам како грдото пајче кое конечно станало лебед.“
Нејзината прва операција ја направила кога имала шеснаесет години, била многу болна и како последица на тоа не можела да зборува. Цел месец била на течна храна и можела да општи само преку пишување белешки на лист хартија. Биле потребни шест месеци за да закрепне од првата операција.
„Потоа можев да промрморам неколку зборови, и извесно време шуштев бидејќи устата ми беше многу потечена“, вели таа.
Откако ги погледната своите слики пред и потоа, тоа ја инспирирало за нов предизвик. На Фејсбук дознала за натпреварот за Мис на Велс и решила да се пријави. Но, тоа го чувала во тајност сѐ додека не била примена на натпреварот.
„Пред неколку години не ни помислував на ова“, додава таа. „Бев срамежлива, но бидејќи поминав низ толку многу за да стигнам таму каде што сум сега, си помислив – Па зошто не! Да се обидеме!“
Ема Вули, која што ја извела операцијата, вели:
„Многу луѓе не сфаќаат дека имаат деформирана вилица и лесно ги прифаќаат потешкотиите при гризењето. Но, ако тоа не се третира на млада возраст, подоцна може да предизвика големи потешкотии во животот. Многу ми е мило што операцијата направи разлика и што на Ели ѝ ја врати самодовербата.“