За Нова година мажот ми ми подари јадица а јас нему – два фустани.
– – – – – – –
Еве, дојде и крајот на годината во која ти порасна, започна здраво да се храниш, создаде нови пријателства, отпатува во странство, научи нови јазици, престана да се занимаваш со глупости, го откажа пушењето и започна да спортуваш.
– – – – – – –
Новогодишната забава на фирмата била успешна, ако наредното утро влегуваш на работа со свирки и аплауз од колегите!!!
– – – – – – –
Приврзаниците на здравата исхрана препорачуваат од 25 декември да се почне со земање на 1-2 лажички мајонез, за да се избегне шокот за празниците…
– – – – – – –
– Знаеш ли какви подароци им подарува Дедо Мраз на најубавите жени?
– Не?
– Па од каде ќе знаеш!
– – – – – – –
Маж си посакал за Нова година, неговата жена да стане поекономична, а неговата баба попаметна. И… Така и се случило. На 1-ви јануари завршил филмот, жена му го исклучила телевизорот, ја дувнала свеќата, ја прибрала ракијата од масата, а бабата почнала да раскажува детали за руско-турската војна 1877-78-ма…
– – – – – – –
Во екот на новогодишната забава на фирмата шефот им подели на сите колешки по едно лижавче Чупа-чупс и објави награден натпревар, која најбрзо ќе го излиже… И победничката стана неговата нова секретарка.
– – – – – – –
Кога одите на новогодишна забава, сепак не заборавајте дека со тие луѓе ќе треба и да работите повторно, по празниците…
– – – – – – –
Пуштање на Нова година:
Тој:
– Може ли да те сликам?
Таа:
– Зошто?
Тој:
– За да му кажам на Дедо Мраз што точно сакам!
– – – – – – –
Ѝ подарив на жена ми фрижидер за Нова година. Не е којзнае што, но да видите како и свети лицето кога го отвора.
– – – – – – –
Драги Дедо Мраз! Кинеските петарди кои ми подари минатата година, многу ми се допадна! Но, оваа Нова година те молам да ми подариш два прста за левата рака…
– – – – – – –
По празниците двајца алкохоличари разговараат:
– А бе, Диме, што ќе да е тоа „алкохол-анализатор“?
– Па, една таква направа, дуваш и таа според здивот ти кажува колку си пијан…
– Б*ате бења, па јас за таква направа сум женет веќе 20 години!!!
– – – – – – –
На новогодишните забави ги сликам сите мои колеги бесплатно… Но ги бришам сликите само за пари…
– – – – – – –
Еврејски Дедо Мраз:
– Хо, хо, хо! Здраво дечиња… Ајде кој сака да си купи подарок!
– – – – – – –
По Божиќ медицинската сестра внесува масичка со медицински прибор на интерно и весело им вели на исполегнатите пациенти:
– Мери Клизмас, лакомци!