Кој е вашиот најголем орган? Не е вашиот мозок. Не е ниту дебелото црево, ни црниот дроб, туку вашата кожа. Таа има многу функции; ја одржува нашата температура, не заштитува, општо кажано, кожата е орган од животно значење. Затоа е важно да ја одржуваме во колку што е можно најдобра здравствена состојба, а следниве 12 факти само ќе ви помогнат во тоа.

1. Вашата кожа е дом на илјадници микроскопски организми. Звучи застрашувачки, но тие исто така имаат удел во одржувањето на здравјето на вашата кожа.

ko01

2. Сонцето е здраво за кожата, но премногу сонце може да биде навистина лошо за неа. Изложувањето на ултравиолетовите зраци покрај тоа што знае да биде болно, може да доведе и до трајни оштетувања.

ko02

3. Старечките пеги и слични дамки се резултат на проблеми со лачењето на мелатонин. Иако овие дамки во поголемиот број на случаи се бенигни, сепак треба да се следи нивната состојба и периодично да се оди на преглед.

ko03

4. Кај луѓето со бледа кожа има помало лачење на мелатонин, освен ако подолго време не се изложат на силно сонце, што може да доведе до пјава на пеги.

ko04

5. Акните се проблем кој најчесто се јавува за време на пубертетот, но некои луѓе имаат проблеми со акни и во повозрасни години.

ko05

6. Мозолчињата се резултат на затнати пори и можат да доведат до дополнителни воспаленија.

ko06

7. Црнките се резултат затнувањето на вашите пори од мртви кожни клетки и лој. Редовното чистење и повремениот пилинг можат да помогнат во отстранувањето на вишокот мртви кожни клетки и лој.

ko07

8. Целулитот се јавува кога масните клетки се редистрибуираат под вашата кожа, со што стануваат позабележливи.

ko8

9. Поткожните влакна можат да бидат многу болен проблем и се јавуваат кога влакното се заглави во пората од која треба да излезе.

ko09

10. Сите добиваат брчки. Со староста, кожата ја губи својата еластичност што доведува до појава на брчки.

ko10

11. За среќа има нешта со кои можете да го подобрите здравјето на вашата кожа. Редовното хидрирање, ставање маски, па дури и минималното ставање на заштитна крема секој ден можат многу да помогнат во одржувањето на здравјето на вашата кожа

ko11

Сподели на Facebook
пати видено