Сакајќи да стави облека во машината за перење, Корнчарун Реакчаи од Чачоенгсо, Тајланд, видел дека машината веќе е полна, а питонот зазел борбен став и бил готов за напад. Ужаснатиот маж вели дека за малку ќе добиел инфаркт на свои 48 години. Ја затворил вратата на машината и веднаш ја напуштил куќата, по што се јавил и побарал помош од специјалисти.
Спасителите го извадиле питонот од машината за перање, но изминале 30 минути додека да го стават во безбедносна вреќа. Змијата се однесувала агресивно, но останала неповредена.