Може да се каже дека 2014 беше напорна година. Сега е време да се осврнеме наназад на неа како на една година од човечката историја – нашите колективни подеми и падови, а вие проценете што е позитивното, што негативното од сето ова.
Киевскиот плоштад пред и после протестите и револуцијата која доведе до падот на претседателот Виктор Јанукович (февруари).
Вивијан Бојак и Алис Дјудс од Ајова, на возраст од 91 и 90 години, се венчаа после 72 години заеднички живот. Двете се запознале во 1947(септември).
По грабнувањето на 276 девојчиња од училиште во Нигерија од страна на милитантната група Боко Харам, се поведе глобална кампања под називот „Вратете ги нашите девојчиња“ (април).
Калифорнија продолжува да страда од најлошата суша во последното илјадалетие. Овие слики се од истиот резервоар во 2011 и 2014г.
Ѕвездата на Робин Вилијамс на плочникот на славата, украсена со цвеќиња и свеќи по неговата смрт.(август).
Наредникот Брет Барнум го гушка 12-годишниот Девонти Харт на демонстрација по повод на застрелувањето на афроамериканецот Мајкл Браун од страна на полицаец.
Стјуардеси за време на лет од Западна Африка носат полна заштитна опрема од ебола – болест која од која до сега се заразија 17.000 луѓе, главно од Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, а 6.500 починаа.
Протести во Мексико Сити по грабнувањето и убиството на 43 студенти од страна на корумпирани полицајци и нарко картел (ноември).
Украински војник, заробен во неговата база за време на руската анексија на Крим е посетен од неговата ќерка (март).
Спасувачи се искачуваат до храмот покриен со пепел на врвот на Онтаке, Јапонија, после вулканската ерупција која уби 56 луѓе (септември).
Малала Јусафзаи ја освои Нобеловата награда за мир. Оваа 17-годишна девојка од Авганистан ја продолжува својата кампања пред ОН против насилството и сиромаштијата и се застапува за поголемо право на образование на жените и покрај тоа што замалку ќе била застрелана в глава од страна на Талибаните(октомври).
Експлозии го тресат појасот Газа во воената операција на Израел од која настрадаа 2200 луѓе (јули и август).
Луѓе се редат за прв пат да купат легална марихуана во Колорадо, САД (јануари).
Алан Хенинг, британски добротворен работник кој отиде во Сирија да достави храна и намирници за бегалците. Одбил да спие во хотел за време на неговото патување, за да останат повеќе пари за неопходните намирници. Беше убиен заедно со други заложници од страна на милитантите (октомври).
Американската амбасада во Берлин е осветлена од протестанти поради тврдењата дека НСА го прислушувала телефонот на германскиот канцелар Ангела Меркел (јули).
Илјадници протестанти се собираат да го кажат својот глас против намерата на кинеската влада да постави ограничувања за тоа кој може да се кандидира за градоначалник (септември)
Вооружени војници ги чуваат преостанатите шест северни бели носорози.
Студенти од колеџот Морхаус учествуваат во протестот наречен „умри“ по убиството на 12-годишниот Ерик Гарнер од страна на американската полиција и решението да не се гонат законски полицајците одговорни за неговата смрт (ноември).
Песочна скултура на плажата Пури во Индија по исчезнувањето на летот МН370 над Индискиот океан (март).
Огорчена од бавната реакција на властите од универзитетот Колумбија по силувањето сторено врз неа, студентот Ема Сулковиц објавува дека својот душек ќе го носи насекаде со себе додека не се превземат мерки (септември).
Конвој од мртовечки коли ги пренесуваат неидентификуваните тела на некои од 298-те луѓе кои загинаа по соборувањето на летот МН17 над Украина (јули).
Стотици луѓе чекаа на ред на аеродромот Схипхол за да се потпишат во меморијалната книга, поставуваат цвеќиња и свеќи за жртвите. Во меѓувреме, западните влади и Русија се обвинуваат едни други за трагедијата (јули).
Ким Кардашијан го покажува својот гол задник за насловната на списанието „Пејпер“ (ноември).
888.246 керамички булки летаат од Лондонската кула на стогодишнината од Првата светска војна во чест на загинатите британски војници (август).
Снимка на кометата 67Р/Чурјумов-Герасименко од вселенското летало Розета. Патуваше 4.8 милијарди километри до оваа мала комета и успешно ја спушти сондата Филае на нејзината површина (ноември)
Секоја година по нападите на 11. септемвр, Елизабет Стрингер Кив се обидувала да ги најде сопствениците на оваа фотографија која ја нашла во рушевините на Светскиот трговски центар. Оваа година успеа во тоа, благодарение на Твитер. Фред Мае, младоженецот на сликата, кој работел на 77 кат на втората кула, откако ја видел сликата на Твитер, потврдил дека сите шест луѓе се живи и здрави (септември).
Светскиот куп во Бразил се одржува и покрај гневот што се одржува во земја со толку многу сиромаштија. Се верува дека 250.000 луѓе биле изгонети од нивните домови за да можат да се изградат стадионите (јуни).
Зимските олимписки игри во Сочи, Русија, го восхитуваат светот, и покрај контроверзите кои ги проследија првите денови (февруари).