Да го живеете сопствениот живот е најдолгото нешто коешто воопшто некогаш ќе го правите. Разните луѓе, разните места, сето тоа е привремено – но вие секогаш ќе бидете со себе. Па така, има смисол дека можеби би требало да научите една-две работи за вашето сопствено тело. И, о какво изненадување, повеќето нешта кои сте ги знаеле до сега биле целосни лаги.

1. Давење: ова често се прикажува како очајна борба за живот при којашто жртвата вика за помош. Но, личноста која се дави не секогаш прета и вреска. Многу често давеникот ќе ја изгуби силата и ќе се онесвести.

t01

2. Пиењето вода: не мора да испиете осум чаши вода дневно за да имате совршено здравје. Количеството вода кое ви е потребно зависи од вашата тежина, степен на активност, облеченост и опкружување (температура и влажност). Исто така, не мора да пиете чиста вода. Со неопходната течност може да се снабдите и со пиење сокови, чај, млеко, супи итн., како и преку видови храна кои ја содржат, како разни видови на овошје и зеленчук.

t02

3. Антибиотици: овие лекарства не ја лекуваат обичната настинка, и всушност нема лек за обичната настинка, бидејќи тоа е вирус кој постојано се менува.

t03

4. Црвенокоси: генот на црвенокосите не е во исчезнување. И покрај тоа што можат да станат ретки, тие нема да изумрат, освен ако сите кои го носат тој ген не умрат или не создадат потомство.

t04

5. Пливањето и јадењето:  јадењето помалку од еден час пред пливањето не ја зголемува можноста за грч на мускулите.

t05

6. Нашите пет сетила:  луѓето имаат повеќе од пет сетила. Експертите велат дека имаме најмалку седум…а можеби повеќе од дваесет.

t06

7. Отпорност на антибиотици: луѓето едноставно не можат да станат отпорни на антибиотици. Отпорност на антибиотици се развива помеѓу организмите коишто доживуваат селективен притисок преку изложеност на антибиотици, фаворизирајќи го опстанокот и размножувањето на единките помеѓу нив кои до определен степен станале отпорни на антибиотикот.

t07

8. Косата и ноктите: тие не продолжуваат да растат по смртта. Тоа што навистина се случува е – кожата се суши и се собира кај основата на влакната и ноктите, на тој начин оставајќи впечаток дека се работи за растеж.

t08

9. Месечарење: будењето на месечар воопшто не му наштетува. Можеби за миг ќе биде збунет и нема да знае каде се наоѓа, но нема да му се направи никаква штета со будењето, баш напротив, може да спречите да се повреди.

t09

10. Глад за шеќер: шеќерот не предизвикува хиперактивност кај децата. Преку разни експерименти е докажано дека нема некаква разлика во однесувањето кај деца со поголема или помала застапеност на шеќер во дневната исхрана.

t10

11. Пиењето млеко: конзумирањето млеко и млечни производи не го зголемува лачењето на слуз.

Drinking milk

12. Голтањето гума за џвакање: не се потребни 7 години за да се свари голтнатата гума за џвакање.

t12

13. Спортските постигнувања и сексот: не постои физиолошка основа за верувањето дека ако имате секс во деновите пред спортскиот настан, тоа ќе се одрази на вашиот успех.

Kermit Cintron vs Walter Mathysse

Сподели на Facebook
пати видено