Британски „футурист“ кој поседува објект за криогеника во САД сака самиот да се подложи на третманот – но само за неговиот мозок и черепот. Д-р Макс Мор, претседател и главен извршен дирекот на Алкор фондацијата за продолжување на животот во Скотсдејл, Аризона, смета дека неговото тело, за разлика од мозокот, е заменливо.
Упатените во процесот на криогенизација сметаат дека нивните тела треба да бидат замрзнати на крајно ниски температури откако ќе бидат прогласени за мртви, во надеж научниот и технолошкиот процес еден ден да овозможи тие да можат да оживеат. Мој ја има истата надеж за неговиот мозок, кој ќе биде зачуван во неговиот череп во лабораторијата.
„Некои луѓе тоа го нарекуваат обезглавување – тоа е погрешно, не зборуваме за отсекување на главата, зборуваме за отсекување на телото. Мозокот е тоа што ни треба“, вели Мор.
Повеќе од половина од членовите на фондацијата избрале да биде замрзнат нивниот мозок, тврди Мор. Мозоците се чуваат во проѕирни контејнери, заедно со черепот.
„Не се обидуваме да го извадиме мозокот од черепот бидејќи тоа би било многу тешко и мозокот би можел да се оштети. А тоа е и згоден начин на пакување“, вели Мор, покажувајќи кон својата глава.