Дури и денес, кога целиот свет е мапиран со GPS, сѐ уште има вредни скриени богатства кои чекаат некој да ги најде. Така и внуците на претприемачот Роже Баилјо откриле дека колекцијата од 60 автомобили произведени во периодот од 30-те до 50-те на 20-от век, оставени да `рѓосуваат во хангарите на семејната фарма во западна Франција можеби вредат 12 милиони фунти или дури и повеќе.
Згора на тоа, тоа не се ни обични стари автомобили. Еден Талбот-Лаго порано бил сопственост на египетскиот крал Фарук, а едно Ферари од колекцијата било употребено при снимањето на филм со Џејн Фонда. Вклучувајќи и редок Масерати во неговата колекција, Баилјо планирал да формира музеј со неговата колекција. Но, бидејќи нештата не се одвивале како што тој очекувал, морал да продаде педесет автомобили, а остатокот од колекцијата бил заборавен.
Прекрасната збирка автомобили ќе биде изложена на аукција во Париз на 6. февруари, 2015г. Сите автомобили коишто нема да можат да се вратат во возна состојба ќе бидат продадени за резервни делови.