Еден човек од Тенеси, САД во својата куќа нашол нешто за што повеќето од нас можат само да сонуваат. Чистејќи ја куќата на неговите баба и дедо (кадешто го минал поголемиот дел неговото детство читајќи го „Островот на богатството“), на подот во еден од ормарите нашол скриен сеф. Неговото отворање било вистински предизвик. Се обидел со неколку комбинации, како родендени и броеви на осигурителни полиси, но ништо од тоа не успеало. На крајот повикал бравар да му помогне.
Ормарот. Не е баш првото место кадешто би барале скриено богатство.
Но, кога го тргнал тепихот да го исчисти….
…под него видел чуден тркалезен поклопец.
Под поклопецот се појавил сеф, за кој како сите да заборавиле. Шифрата била заборавена, и сега требало да се изнајде начин како да се отвори.
После многуте пропаднати обиди да се отвори сефот преку разни комбинации, на помош бил повикан бравар.
После многу напорна работа, сефот конечно бил отворен.
Драматичното откритие.
Тоа што се чинело дека се куп тули, испаднало дека се кутии.
Сефот бил полн со кутии наполнети со пари.
И покрај малиот отвор, сефот собирал многу.
За жал, многу од парите биле оштетени од вода, како последица на пукање на цевка во куќата од пред неколку години.
Влагата во сефот банкнотите и другиот вид хартија, но затоа монетите останале нечепнати.
Биле најдени сребрени монети…
…како и сребрени прачки.
Под колекцијата пари нашле и `рѓосана кутија за алат полна со часовници и накит.