На интернет се појави шокантна видео снимка на која се гледа како будистички деца монаси се удираат едно со друго по глава во голорака борба. Борбата се одвива во будистички хран, а борците се деца облечени во будистичка облека и со избричени глави, согласно традицијата. Околу нив стои група постари монаси кои се смеат и ги охрабруваат, а еден од нив има улога на судија.
Снимката била направена од будист по име Кун Кампон во Утон Тани, северен Тајланд. Тој вели:
„Тие започнуваат да се борат уште од мали нозе. Тоа е добар начин да зајакнат.“
Будизмот со векови се поврзува со боречките вештини, при што најпознати се монасите од кинескиот храм Шаолин, кои секојдневно вежбаат кунг фу како начин да го избежбаат телото и да ја подобрат дисциплината. Вообичаената минимална возраст на ракоположување е дваесет години, но во Тајланд е доста често момчиња постари од осум години да положат привремени заклетви. Тоа значи дека за кратко стануваат млади монаси без да бидат ракоположени. Ова е дозволено на само неколку дена по смртта на нивен родител или дедо или баба.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!