Во последно време срамежливо почна да се најавува можноста за создавање на деца надвор од утробата на мајката, т.е. бебе произведено целосно во епрувета. За некои ова е добра новост, особено за истополовите партнери, но британски научници откриле зошто старомодната мајка Природа сепак секогаш знае што прави.
Имено, Стјуард Олд од шкотскиот Стерлиншки универзитет ја открил причината за појавата на сексуалниот однос. „Ние изведовме експерименти врз вид ракови кои се размножуваат и по полов, и по безполов пат. Нашата екипа ги зарази организмите со вирус. Потоа ги разделивме на две групи. Во едната имаше претставници само на едниот пол, а во другата и на двата“, раскажува експертот.
Олд објаснува дека во втората група започнале да се впуштаат во сексуални односи и сексот го спасил нивниот живот, а исто така и создал поколение кое е имуно на вирусот.
„Поради ова ние сметаме дека сексот кај живите организми се појавил како реакција на инфекциите“, дополнува специјалистот.
Заклучокот е јасен.