Мајка од Илиноис, САД, опседната со вештерство, го пробола својот син со кујнски нож бидејќи верувала дека ѓаволот ја прогонува. Снимката од телефонскиот повик на линијата 911 на која се јавила Џоди Косоу во 2013 година, набргу откако го убила својот син Томас, била пуштена во судницата на областа Винебаго.

ks01 ks02

„Само што го убив син ми“, им кажала Косоу на операторите. „Само што го убив син ми. Сатаната ме прогонуваше. О, Боже! Сатаната ме гонеше.“

Нејзиниот тогашен сопруг Мајкл и нивната ќерка спиеле кога се случил нападот ноќта на 10 септември, 2013 година. Нејзиниот син Томас, кој имал проблеми со спиењето, ја прашал мајка си дали би можеле да излезат надвор и да ги гледаат ѕвездите. Набргу потоа таа зела нож од кујната и го исекла и пробола детето повеќе од 55 пати. Неговото грло било исечено седум пати, имал повеќекратни убодни рани во белите дробови и срцето, а на рацете имал повреди со кои се здобил додека се бранел од нападот.

ks03

Снимките од полицајските надзорни камери прикажуваат како жената вреска додека полицајците ја приведуваат. Еден полицаец посведочил дека таа самата си ја треснала главата од земја. Двете проценки на нејзиното ментално здравје извршени за обвинителството и одбраната заклучуваат дека Косоу била психолошки нестабилна кога го убила Томас. Според тоа, таа не била во можност за здраворазумско расудување кога го извршила злосторството. Според општите заклучоци, врз сето тоа повлијаела нејзината опседнатост со вештерство и магии, а нејзиното семејство посведочило дека таа била викан. Доколку судот ја ослободи од обвинение врз основа на психичка нестабилност, ќе биде сместена во психијатриска болница сѐ додека не се процени дека не претставува закана за себе и околината.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено