Да се добие на лото е сон на многу луѓе. А и воочи празниците, малку екстра готовина нема да е на одмет за многу семејства. Но, еден среќен добитник се решил на нешто многу понесебично. Наместо да се оддаде на луксуз, добитникот ги подарил парите во добротворни цели. Имено, на почетокот на минатата седмица една добитна инстант-грепка била анонимно подарена на организација за згрижување бездомници во американската држава Пенсилванија. Картичката чинела 10 долари, а добивката изнесувала 1000 долари.

lt01

Мајорот Лесли Волтер, офицер од Армијата на спасот изјавил:

„И порано сме добивале донации во вид на инстант-грепки, но вообичаено стануваше збор за суми од 10 или 20 долари – никогаш нешто толку големо. Многу сме благодарни за великодушната донација, која ќе ни помогне да им служиме на луѓето и семејствата на кои им е потребна помош.“

lt02

Извршниот директор на компанијата која ги издава картичките го изјавил следното:

„Божиќната сезона често го вади најдоброто од луѓето. Трогателно е да се слушнат приказни како оваа и го поздравувам анонимниот добитник кој својата добра среќа ја преточил во чин на добрина кој ќе биде од полза на целата заедница.“

Сподели на Facebook
пати видено