Белгискиот археолог-ентузијаст и фотограф Винсент Мишел во еден каменолом во Франција нашол десетици коли произведени во 1930-тите. Пронајдокот се случил во централниот дел на Франција. Белгискиот фотограф Винсент Мишел случајно наишол на каменоломот, во кој нашол десетици ретки автомобили. Тие се наоѓаат во лоша состојба, покриени со `рѓа и не можат да се ремонтираат.
Историчарите сметаат дека подземниот склад бил направен на почетокот на Втората светска војна. Веројатно месните жители ги криеле своите коли за да не бидат конфискувани од окупаторските германски војски. Ова звучи логично, но зачудува тоа што по завршувањето на војната никој не се вратил по својот автомобил.
Исто така, сопственикот на рудникот знаел за тајната и самиот тој по војната таму складирал уште неколку автомобили, како што е случајот со автомобилот Опел Капитан, произведен во 1960-тите.