Човек од Тенеси, САД, бил ослободен од затвор по 31 година откако погрешно бил осуден за злосторство кое не го сторил. Сега се бори во процес за рехабилитација кој би можел да му донесе парична надомест од 1 милион долари. 60-годишниот Коренс Меккини од Мемфис, Тенеси, бил обвинет за силување и грабеж во 1978 година и бил осуден на затвор во траење од 115 години. Бил ослободен во 2009 година откако ДНК доказ кој ја отфрла можноста тој да биде осомничен за злосторството.
По ослободувањето, на МекКини му дале 75 долари, но тој би можел да добие еден милион долари надомест ако одборот за помилување на државата Тенеси го прифати неговиот случај за рехабилитација, кој веќе два пати бил одбиен.
„Јас немам живот, целиот живот ми го зедоа“, вели тој за медиумите. Неговиот адвокат Џек Ловери вели дека тој претрпел доволно и дека треба да прими соодветна надомест за тоа што неправедно минал 31 година зад решетки.
„Не е праведно тој да не добие компензација за тоа што бил неправедно затворен“, вели Ловери.
\
Во септември одборот за помилување гласал 7-0 одрекувајќи му го правото на компензација. Сега сѐ зависи од гувернерот Бил Хаслам, кој по ова прашање го има последниот збор.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!