Во 1950-тите ЦИА правела експерименти со ефектите на дрогата LSD, како дел од проектот МКУлтра. Во истиот период американската армија ги вршела и тајните Еџвуд Арсенал експерименти врз луѓе, кои произлегувале од програмата за хемиска војна на САД и во нив биле вклучени сто волонтери врз кои се вршеле експериментите. Британија исто така ја истражувала можноста за употреба на LSD, како на хемикалијата BZ (3-хинуклидинил бензилат) како несмртоносно хемиско оружје.
САД потоа BZ го претвориле во оружје, во вид на касетната бомба M43 BZ, сѐ додека последните залихи од ова оружје не биле уништени во 1989 година. И Американците и Британците заклучиле дека посакуваните ефекти од дрогата-оружје биле непредвидливи во воени услови и се откажале од експериментите. На група британски војници им било дадено LSD-25 на терен. Еве што се случило:
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!