Според најновото истражувње на универзитетот во Лајпциг, првородените деца достигнуваат поголем коефициент на интелигенција од своите браќа и сестри. Освен тоа, студијата покажува и дека неподеленото родителско внимание исто така има големо влијание на коефициентот на интелигенција. Врз основа на тоа се заклучува дека разликите во интелигенцијата не се должат толку на биолошките чинители, туку на влијанието на средината и воспитувањето.

pr01

Студијата проценува пад од 1,5 IQ поени со секое следно дте. Сепак, во семејствата со две или повеќе деца не мора да значи дека најстарото дете секогаш ќе постигне најголем коефициент на интелигенција. Имено, тоа поседува 60 отсто повеќе шанси за поголем коефициент. Според тоа, помладите потомци имаат големи шанси да ги надминат постарите браќа или сестри.

pr02

Второто дете ги „разредува“ ресурсите

Покрај поголемата интелигенција, првородените деца покажуваат и поголеми способности за сопствена перцепција. Податоците употребени во истражувањето се преземени од три национални истражувања кои се состојат од тестови за интелигенција и лични карактеристики, а биле опфатени 20 илјади испитаници.

genij

Д-р Џулија Рорер вели: „Според една од теориите, последователните деца ги `разредуваат` родителските ресурси. Додека првите деца уживаат во целосно родителско внимание, барем определен период, подоцнежните деца истите ресурси ги делат уште од самиот почеток.“

Како дополнителен чинител се посочува и фактот дека првороденото дете ги подучува своите помлади браќа и сестри и им објаснува како функционира светот. Подучувањето на другите изискува високи когнитивни способности – децата кои подучуваат треба да се присетат на сопственото знаење, тоа знаење да го структуираат и да смислат добар начин тоа да им го објаснат на помладите браќа и сестри, што би можело да биде дополнителен поттик за развој на интелигенцијата кај првородените деца – заклучува д-р Рорер.

Сподели на Facebook
пати видено