Откриени се докази за моќни ветрови на планета 16 пати поголема од Земјата, која се наоѓа на 1000 светлосни години оддалеченост од нас. Според истражување на универзиетот Ворвик, ова прв пат да се открие ваков климатски системм на гасен гигант надвор од Сончевиот систем. Д-р Дејвид Армстронг и неговиот тим откриле дека гасниот џин НАТ-Р-7b е засегнат од големи промени кои се должат на силни ветрови кои се движат низ целата планета, што доведува до бури од катастрофали размери.

pl01

Откритието било направено преку набљудувања и идентификација на светлината во атмосферата на планетата, при што било утврдено дека најсветлото место на планетата ја менува својата позиција. Ова се должи на екваторијални струи со драматични промени на брзината на ветрот, при што најбрзите носат огромни количества облаци по целата планета.

Самите облаци пак се визуелно зашеметувачки, со оглед на тоа што веројатно се составени од корунд, минерал од кој се образувани рубините и сафирите.

Оваа планета никогаш не би можела да биде населена, бидејќи климатскиот систем е доста суров. Едната страна на планетата е постојано свртена кон ѕвездата – домаќин, па поради тоа таа помеѓу двете страни постојат големи температурни разлики.

pl02

Благодарение на тоа откритие, астрофизичарите можат да набљудуваат како со текот на времето се менуваат климатските системи на планети надвор од Сончевиот систем.

За првпат откриена во 2008 година, HAT-P-7b се наоѓа на над 1040 светлосни години оддалеченост од нас. Таа е егзопланета 40 отсто поглема од Јупитер и над 500 пати помасивна од Земјата, и кружи околу ѕвезда која е двапати поголема од нашето Сонце.

Сподели на Facebook
пати видено