На оваа ужасна снимка се гледа како Ротфајлер напаѓа мало дете додека си играат заедно во семејната градина. Тригодишниот Марко Слаберт бил нападнат од збеснатото куче пред својот дом во Хененман, Јужна Африка. Снимката била снимена со семејната камера за видео надзор, и на неа се гледа како кучето скокнува на Марко, го соборува и го гризе по рацете и нозете.

kc

И покрај тоа што детето жестоко клоца обидувајќи се да избега, животното е пресилно за него и го остава дури кога од куќата истрча жена, бркајќи го. Детето претпрело повреди на раката и главата, но следниот ден било пуштено од болница. Франсоа, таткото на Марко, подоцна го застрелал кучето поради што наишол на жестоки осудувања на интернет. Имено, му забележуваат што ја споделил снимката на интернет и што самиот го застрелал кучето наместо да го даде на организација за справување со животни.

Тој на тоа одговорил со следните зборови: „Не беше поради одмазда, туку да ги заштитам другите луѓе на мојот имот. Никој не знае дали ротфајлерот пак би нападнал. Кога куче ќе нападне некого, постојат големи изгледи пак да го стори тоа.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено