Даница Патерсон минатата година дознала дека непознат маж на својот Фејсбук профил објавувал фотографии од нејзината 4-годишна ќерка и се преправал дека е негова. Мажот кој на Фејсбук се претставува како Рамон Фигуреоа ги симнал фотографиите од нејзиниот Фејсбук профил и ги објавувал со вознемирувачки описи.

dn01

„Не можете да кажете дека мојата ќерка не изгледа исто како мене“, „Мојата ќерка ќе ги скрши срцата на вашите синови“, „Мојата женска верзија“ – вака пишува во описите на фотографиите па дури и опишувал што малечката наводно правела додека ја „сликал“. Божем викала: „Престани тато, доста е“, стои во описот на една фотка на која малечката Брајли се наоѓа во кревет.

dn02

Даница ја пријавила целата работа на Фејсбук, но тие ѝ кажале дека мора да ја пријави секоја фотографија поединечно. Натрапникот набргу ја блокирал, па поради тоа веќе не можела да пристапи на неговиот профил. Нејзините пријатели секојдневно се обидувале да го пријават, но фотографиите ги снемало дури кога тој самиот решил да ги тргне.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено