Еден човек случајно му го исекол пенисот на својот другар додека заедно сечеле дрва за огрев, користејќи моторна пила. Овие двајца соседи од селото Ванатори во североисточна Романија, наводно испиле и неколку пијалоци пред да се фатат за работа. 49-годишниот човек вели дека го предупредил неговиот 53-годишен другар да внимава, и потоа на шега замавнал кон него со пилата.
За несреќа, токму во тој миг постариот човек се придвижил нанапред и пилата го зафатила во препоните. 49-годишникот повикал брза помош и несреќниот човек бил одведен во болница во градот Јаш. Хирурзите се обиделе да сочуваат што е можно повеќе од неговиот пенис и подоцна ја опишале неговата состојба како сериозна, но стабилна. Тие велат дека прерано да се каже дали повредениот човек некогаш пак ќе може да ужива во нормален сексуален живот.
Жртвата е оженет татко на тројца, чијашто жена сега се заканува дека ќе подигне обвинение против пријателот на нејзиниот сопруг.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!