Таа е Италијанка и е највозрасната жена во светот. На 29 ноември оваа дама ќе наполни впечатливи 117 години. Според официјалниот светски регистар, Ема е највозрасниот жител на планетата. Животниот пат на оваа долговечна жена воопшто не бил лесен и заслужува да се одвои малку внимание за неа. Еве некои интересни факти за нејзиниот не особено среќен, но долг живот.
– Ема се родила во далечната 1899 година и таа е единствениот жив човек на планетата кој бил сведок на три века.
– Во мај оваа година таа официјално е прогласена за највозсрасниот човек на планетата од страна на „Гинисовата книга на рекорди“.
– Морано сепак е неколку години помлада од човекот кој најдолго живеел на планетата, французинката Жан Калман, која умрела на 122-годишна возраст.
– Членовите на семејството на Ема исто така се покажале долговечни. Нејзината мајка доживува возраст од 91 година, а до длабока старот достигнуваат и неколку од нејзините сестри.
– Голем дел од својот живот Ема минува без партнер.
– Ја губи единствената рожба на 6-месечна возраст.
– Во 1938 година таа го напушта нејзиниот сопруг кој систематски ја подложувал на психичко и физичко малтретирање.
– Морано долги гони работи во фабрика за ткаенината јута, а потоа како готвачка. Се пензионирала на 75-годишна возраст.
– Ема не излегла од својот дом околу 20 години.
– Го избегнува месото, главно поради страв да не заболи од рак.
– Ема не е некој особен љубител на овошјето и зеленчукот, поради што ги конзумира многу ретко.
– Се храни со по две живи и едно варено јајце на ден уште од нејзината дваесетгодишна возраст. Причината за ова што тогаш ѝ била дијагностицирана анемија. Имајќи ги предвид исклучително хранливите својства на јајцата, можеби во тоа се крие тајната за долговечноста на Ема Морано.