Ова е спектакуларно откритие на научниците. Кинески палеонтолог го нашол примерокот, кој е со размер на исушена кајсија, на еден пазар за ќилибар во северниот дел на Мјанмар, крај границата со Кина. Забележителниот предмет бил наменет за накит, бидејќи трговците мислеле дека тоа што е затворено во него е растение.

op01

„Не бев сигурна дали продавачот навистина разбира колку е важен тој примерок, но кога забележа дека сум заинтересирана, веднаш ја крена цената“, изјави палеонтологот Лида Ксинг од кинескиот универзитет. „Ова е откритие кое се случува еднаш во животот. Се гледаат и најмалите детали и е тродимензионално“, коментира канадскиот палеонтолог Рајан Меккелер.

op02

Интересно е што ова е прво откритие на целосна опашка покриена со пердуви, што ја потврдува теоријата дека диносаурите имале пердуви. Порано биле наоѓани поединечни пердуви во ќилибар, но овој примерок со изразени пршлени ја исклучува можноста опашката да припаѓала на некоја праисториска птица.

op03 op05 op04

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено