Владее мислење дека успешните и богати мажи не се задржуваат долго време само со една жена. Но, денес убедливо ќе го демантираме тоа тврдење, претставувајќи ви некои од најбогатите мажи во светот, сите до еден оженети со својата прва љубов.
Марк Закерберг и Присила Чан
Во ноември оваа година имотот на Марк Закерберг беше проценет на над 50 милијарди долари. Тој со својата сегашна сопруга Присила се запознал уште додека бил на Харвард. Склучиле брак на 19 мај 2012 година, а на 2 декември 2015 добиле ќеркичка.
Ворен Бафет и Астрид Менкс
Бафет е еден од најпознатите инвеститори во светот, и во ноември неговиот имот беше проценет на над 70 милијарди долари. Тој со својата сопруга Астрид, која е 16 години помлада од него, се запознал во 70-тите години на минатиот век, додека таа работела како келнерка.
Бил и Мелинда Гејтс
Имотот на Бил Гејтс е проценет на над 80 милијарди долари. Тој со својата сопруга се сретнал во 1980-тите за време на една конференција организирана од Мајкрософт. Склучиле брак во 1994 година и одгледале три деца.
Лари Пејџ и Лусинда Саутворт
Лари Пејџ, еден од основачите на Гугл, тежи над 30 милијарди долари. Информациите за неговата партнерка се малку. Таа е 7 години помлада од него и се труди да го избегнува вниманието на медиумите. За нив се знае дека склучиле брак само неколку седмици откако се запознале.
Џеф и Мекензи Безос
Според податоци од минатиот месец, Џеф Безос, основачот на Амазон, поседува имот од над 60 милијарди долари. Со сопругата се запознал во 1992 година.
„Нашите канцеларии беа една до друга“, раскажува Мекензи. Можев да му го слушнам прекрасното смеење. Како да не се вљуби човек?“ Една година подоцна склучуваат брак. Имаат 4 деца.