Фулвио Пелегрино е Италијанец кој 40 години чекал да ја оствари својата желба. Имено, тој денес се вика Фулвија, а вели дека веќе на 15 години сфатил дека е „жена која живее во тело на маж“. Процесот на трансформацијата го поддржала и неговата сопруга со која и понатаму се во брак иако тие денес се, како што вели, повеќе сестри отколку брачни партнери.

pl

Раскажува дека за трансформацијата чекал толку долго бидејќи неговото семејство е многу религиозно, па знаел дека не може да смета на нивната поддршка кога станува збор за промена на полот. Своите чувства ги држел во тајност.

„Никогаш не зборував за моите чувства, бидејќи со мојот татко тоа беше невозможно. Имаше три сина и сакаше да има само тројца синови и ништо друго“ – заклучува Фулвио, т.е. Фулвиа, кој најпосле успеал да го исполни својот сон да стане жена.

Откако се оженил со својата сопруга Мариса, во приватноста на својот дом носел женска облека.

„Се чувствував заробен во своето тело. Се криев во гаражата, носев женска облека и се шминкав. Таа своја страна никому не ја покажав бидејќи се срамев“, раскажува тој.

pl02

А таа своја страна ја криел така што се обидел да ја докаже својата машкост преку купување на оружје и со интересирањето за скапи автомобили.

„Тешко е да се порасне со тело кое не е твое и тоа да го прикривате како знаете и умеете, со играње фудбал, пиење на големи количества пиво“, раскажува Фулвиа.

Но, во еден миг дошол до точката кога веќе не можел да се крие, па сѐ и признал на својата сопруга кога бил подготвен да ја направи преобразбата. Како што и очекувал, таа вест неговата сопруга не ја примила добро.

„На моменти се губеше, ѝ беше тешко да го прифати тоа“, се присетува Фулвио, но додава дека со текот на времето се помирила со фактот дека нејзиниот маж сака да стане жена и го поддржала во тоа. Но, неговите родители не сакале ни да слушнат за тоа, па кога им признал се, тие ги прекинале сите односи со него.

„Кога почина татко ми, браќата не ми дозволија да дојдам на погреб, бидејќи се срамеа од мене“, признава тој.

pl03

Телесната трансформација Фулвио ја започнал со хормонска терапија, но на крајот се свртел кон пластични операции. Прво ги зголемил градите, па се подложил на липосукција, па потоа ги зголемил усните, образите и задникот. Но, неговото ново тело си имало и своја цена – потрошил 76 илјади долари поради што го продал оружјето, автомобилите, па дури и куќата. Порано бил сопственик на ресторан, но сега живее од платата на сопругата. Но не мисли да престане со операциите.

„Не сум среќен со своето `совршено тело`, бидејќи тоа не е совршено. Совршенството е нешто друго. Своето тело нема да го оставам на мир сѐ додека не достигнам совршенство“, заклучува тој.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено