Изгледа дека еден од најзагадочните поп-пејачи кој зад себе остави бројни хитови, но и митови и легенди, уште од 13-годишна возраст примал специјални хормони коишто предизвикуваат мутација на гласот. Тоа го сподели лекарот на Мајкл Џексон, кој претходно ги криел шокантните факти за неговата биографија. Но, сега неговите обожаватели дознаваат како настанала неговата уникатна боја на гласот, благодарение на д-р Конрад Мери, кој тврди дека во раните години на адолесценцијата тој примал хормони кои го попречиле мутирањето на неговиот глас, т.е. да добие боја на гласот карактеристична за маж.
Лекарот предочува и еднадруга интересна идеја. Сериозната хормонска терапија наверојатно се одразила не само на неговите гласовни карактеристики, туку и на самиот карактер на Мајкл Џексон. Можеби токму тоа го објаснува неговото чудно поведение како и неговата инфантилност.