Кога ќе го слушнете зборот пиво, вообичаено си помислувате на златестата освежителна напивка со бела пена одозгора. И се разбира, првото нешто на кое си помислувате е колку убаво би било да испиете една кригла токму сега. Но, пивото има и некои други примени за кои можеби досега не сте знаеле.

1. Пивото ја потхранува косата и го стимулира нејзиното растење

pv02

Пивото е богато со витамин В и силициум, клучните состојки за здрава коса, кои исто така и го стимулираат нејзиното растење. Едноставно сипете една чаша пиво врз вашата коса, масирајте го скалпот и оставете пивото да отстои пет минути. Потоа исплакнете ја косата со млака вода. Вашата коса ќе заблеска како никогаш досега.

2. Пивото ви ја прави кожата помазна

pv03

Пенливата напивка содржи антиоксиданси кои го одложуваат и спречуваат стареењето на кожата. Но, покрај тоа, пивото помага и при регенерација на кожата. Пробајте ја оваа маска за лице: измешајте една кафена лажица пиво, белка од едно јајце и три капки бадемово масло. Нанесете и оставете да стои десет минути, а потоа измијте го лицето.

3. Пивото помага да спиете подобро

pv04

Хмељот, кој е една од клучните состојки на пивото е природно средство за смирување, познато како ефективен лек против несоница. Затоа, ако имате проблем со заспивањето, лекот е – испијте некое пиво пред спиење.

4. Пивото ги отстранува мртвите кожни клетки

pv06

Освен што ја тонира кожата, пивото помага и за отстранување на мртвите кожниклетки. Како резултат на тоа, вашиот тен ќе биде порамномерен и блескав. Еве еден стар трик. Земете една рака јагоди и две лажици пиво. Измешајте ги додека не добиете каша. Нанесете ја кашата врз вашето лице како средство за отстранување на мртвите кожни клетки.

5. Пивото го прави месото покревко

pv07

Пивото е одлична варијанта ако сакате месото за вашиот ручек да биде покревко. Ставете го месото во пластичен сад и додадете малку пиво. Оставете го да престои во ладилникот. Следниот ден ќе се насладувате на кревкото месо кое просто се топи во устата.

6. Пивото му дава сјај на вашиот мебел

pv08

Натопете мека ткаенина во топло пиво и со неа истријте ја дрвената површина која треба да се исчисти и ревитализира. Како резултат на тоа, вашио мебел ќе добие дополнителен блесоки ќе изгледа како нов.

7. Пивото помага да се справите со штетниците

pv09

Напивката ги држи мувите подалеку од вашето јадење. Едноставно сипете малку пиво во чаша и потоа покријте ја со алуминиумска фолија во која сте направиле неколку дупчиња. Мувите привлечени од аромата на напивката ќе влезат внатре, но нема да можат да излезат.

8. Пивото им дава сјај и на металните предмети

pv10

Пивото има ниска киселост, поради што е идеална за полирање на секакви метални предмети. Едноставно потопете ткаенина во пиво и со неа тријте ги предметите неколку минути.

9. Пивото помага да одвртите ‘рѓосани навртки

pv11

Киселините во пивото можат да ја растворат ‘рѓата, а тоа ќе ви помогне полесно да ги одвртите навртките. Полејте ги со малку пиво, почекајте неколку минути и пробајте повторно.

Сподели на Facebook
пати видено