Досега во повеќе наврати објавуваме лични искуства на луѓе во врска со честото иселување на младите од целиот Балкан. Следува пример и со еден млад човек од Бугарија по име Жоро. Кога ќе го прочитате неговото искуство, се наметнува заклучокот дека има нешто во балканскиот менталитет што прави од една страна да сме уникатни во целиот свет, но од друга страна силно да назадуваме како општество. Дали нешто треба да се менува? Прочитајте го искуството на Жоро од Бугарија и споредете со условите кај нас, во Македонија.

em

Јас сум Жоро. Ова е мојот краток расказ. Јас сум уште еден кој се престраши да ја напушти Бугарија. Тоа рајско природно катче кое во себе содржи неверојатна природа и прекрасна клима. Отидов во вечно студената Велика Британија. Таму каде што постојано врне. Таму каде што на улиците никој не ти обрнува внимание каков си и што правиш. Таму каде што никој не те гледа лошо. Можеби затоа отидов. А можеби и поради штедрата плата која со мојата професија тука нема да ја достигнам? Вистината е некаде на средина. И покрај тоа што се чувствувам спокоен и добро платен, мислите ми остануваат во мојата родина!

Секој ден сум на скајп и комуницирам со моите блиски и со пријателите, но тоа не ме топли, затоа што сакам да ги гледам во живо. Останува надежта дека за време на одморот пак ќе бидам со нив. Се прашувате дали ќе се вратам? На оваа етапа – не. Поради неколку причини. Во Бугарија економските услови се лоши. Луѓето ми завидуваат на моите успеси и ме гледаат лошо, сакаат да ми направат нешто подло. Секој се интересира не како му е на него самиот, туку дали на другиот му е лошо. Така што, сега за сега претпочитам да ме врне.

Сподели на Facebook
пати видено