Русата коса главно се поврзува со народите на северна Европа. Но, русата коса се среќава и меѓу припадниците на заедници во Азија, Африка и Океанија. Но, оваа карактеристика е ограничена на определена група луѓе кои минале низ генетска мутација потребна за да се појави оваа боја. Геното за боја на косата, познат како MC1R, кој има повеќе од седум варијанти низ европскиот континент, што на бојата на очите и косата на населението во Европа им дава повеќе различни комбинации.

rk02

Појавата на генот одговорен за појавата на русата коса може да се следи до последното Ледено Доба пред 11 000 години. Била спроведена темелна истрага за оваа генетска мутација, изведена од истражувачи од три јапонски универзитети; истражувањето заклучува дека генетската мутација се случила околу 9000 г.пр.н.е. како резултат на повеќе еволутивни чинители условени од животната средина.

rk03

Традиционално прифатеното објаснување во научната литература за еволуцијата на светлата коса посочува кон потребата од витамин D и понискиот степен на изложеност на сонце во северна Европа. Светлата боја на кожата се поврзува со недостатокот на пигментација. Во северните региони кожата нема толку потреба за заштита од сонцето. Според ова објаснување, фактот што таму почесто се среќава светлата боја на косата е еволутивна мерка да се спречи појавата на рахитис, нарушување предизвикано од недостаток на витамин D.

rk04

Една алтернативна теорија предложена од канадскиот антрополог Питер Форст носи една помалку сложена претпоставка за потеклото на варијациите во поглед на бојата на косата. Според Форст, еволуцијата на русата коса не бил постепен процес на генетска мутација, туку ненадејна појава предизвикана од друг аспект на еволуцијата познат како „сексуална селекција“. Фрост објаснува дека кон крајот на последното Ледено Доба имало силна конкуренција меѓу жените во северните европски региони во поглед на наоѓање на соодветни машки партнери, бидејќи во тоа време бројот на мажите бил намален. Русата коса и сините очи правеле овие жени да се истакнат меѓу другите и со тоа сексуалната селекција за нив станала станала полесна. Така, русата коса и сините очи значеле здрав партнер, кој ќе обезбеди преживување на овие гени во текот на следните генерации.

До сега нема општо прифатена теорија за вистинското потекло на русата коса. Сепак, се чини дека има општа согласност меѓу истражувачите дека еволуцијата на русата коса се случувала во повеќе наврати.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено