Британската Национална агенција за криминал ја предупредува тамошната јавност, а тоа вреди и за останатите, дека од ден на ден има сѐ повеќе случаи на изнудување на интернет и тоа за жал понекогаш завршува и со самоубиство. Бандите кои се занимаваат со овој вид криминал главно се сместени во Мароко, на Филипини и на Брегот на слоновата коска и само во Британија оваа година се обиделе да уценат 864 жртви, што е двојно поголема бројка во однос на 2015 година.

Се обиделе да се доберат до парите на своите жртви со т.н. метод на сексуално изнудување (sextortion), и поради тоа британските власти ги предупредуваат интернетските корисници да внимаваат на кого ги покажуваат своите интимни делови, т.е. пред кого се замозадоволуваат пред својата веб камера.

sx

Sextortion (сексуално изнудување)

За што всушност станува збор? Претходно спомнатите разбојници ангажираат привлечни девојки кои преку социјалните мрежи ги заведуваат своите жртви, по правило мажи за кои ќе проценат дека имаат пари. Штом ќе ја освојат нивната доверба, девојките бараат експлицинти материјали наводно поради тоа што се силно сексуално заинтересирани за нив.

sx02

Штом еднаш жртвата ќе падне во нивната стапица и на девојките ќе им го пратат тоа што го бараат од нив, бандите ги преземаат нештата во свои раце и започнуваат со изнудувањето. Се закануваат дека компромитирачките материјали ќе ги пратат на семејствата, партнерите или колегите на жртвите и бараат да им се платат пари во замена за држењето на тие материјали во тајност. Тоа во изминатите неколку години во Велика Британија доведе д четири самоубиства, а Националната агенција за криминал истакнува дека една од жртвите имала само 11 години!

Бандите оперираат по апсолутно сите социјални мрежи – од Фејсбук и Линкедин, па сѐ до сајтови како Тиндер. Затоа, бидете внимателни кого сѐ додавате во своите контакти и со кого ја споделувате вашата интима.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено