Во францускиот град Марсеј се случи чудо. Девојче на возраст од една година се разбуди само неколку минути пред да биде исклучено од системите за одржување во живот. Девојчето било ставено во вештачка кома во септември, како последица на тешко вирусно заболување на срцето. Но, семејството на детето повеќе немало финансиски средства нивната ќерка да престојува во болницата. Таткото дури организирал и дарителска кампања на интернет, но дури и со собраните пари, средствата не биле достаточни. Родителите се бореле таа да остане во живот макар и еден ден повеќе. Прогнозите на лекарите не биле добри – тие сметале дека детето повеќе нема да може да се движи и да се храни самостојно. Дошол мигот кога на лекарите не им преостанувало ништо друго, освен да го исклучат од системите за одржување и се случило невозможното – детето се освестило.
Родителите се бескрајно среќни и таткото тврди дека борбата за оздравување на неговата ќерка ќе продолжи. Според податоци од болницата, едногодишната Марва е во стабилна состојба и нејзиното лекување ќе продолжи. Видеото во прилогот е објавено од родителите на детето на страницата за дарителската кампања на Фејсбук. Во него мајката својата ќерка ја нарекува „принцеза на принцезите“.