Во далечното село Тана Тораџа во Индонезија, локалните жители имаат доста бизарен ритуал за погребување на мртвите бебиња. Наместо да ги согоруваат или закопуваат нивните тела, тие ги завиткуваат во ткаенина и ги ставаат во внатрешноста на дрвјата за на тој начин да бидат „апсорбирани“ од природата.

pl01

Народот Тораџа е познат по уникатните погребни ритуали. Починатите возрасни се оставаат во пештери сѐ до годишната прослава Ма`Нене. За време на прославата, роднините на покојниците ги вадат лешовите, ги дотеруваат и ги шетаат низ улиците. Од друга страна, бебињата кои ќе умрат пред да почнат да им никнуваат заби ги оставаат да бидат „апсорбирани“ од дрвјата. Резултатот е прекрасен на свој начин, но исто така и морничав.

pl03

Често погребите во Тана Тораџа знаат да траат со денови. За тоа време се издлабуваат „гробови“ во џиновските стебла. Потоа бебињата се завиткуваат во ткаенина и се оставаат внатре. Отворот се покрива со испреплетени палмини гранки. Понекогаш во едно дрво се оставаат десеттина бебиња.

pl03

Иако оваа практика можеби ќе се чини морбидна, тоа воопшто не е така во очите на народот Тораџа. За нив претставува најголема чест нивните најсакани души да бидат апсорбирани од природата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено