За Такер Русан се мислело дека нема да преживее. Му бил дијагностициран срцев тумор уште пред да се роди, и неговиот случај се чинел надвор од можностите на современата медицина. Но, очајни да го спасат нивното бебе, родителите Кети Рајс и Мајк Русан од Вермонт нашле надеж во Детската болница на Филаделфија, во која тимот лекари им понудил нешто досега нечуено.
Па така, во 24-тата недела од бременоста, тимот ја извел првата фетална хируршка интервенција за отстранување тумор во светот. Сега веќе тригодишниот такер е среќно и здраво дете во предучилишна возраст.
„Сѐ се одвива прекрасно“, вели хирургот д-р Џек Рајчик. „Ова е емотивната страна на менувањето на природата, кога таа наметнува слаби изгледи за живот, а ние тоа да го свртиме за 180 степени и да му овозможиме нормален живот на ова дете. Да му се даде на ова дете можност за нормален животен век како единствено човечко суштество.“
На Такер му била дијагностицирана интраперикардијална тератома. Тоа е исклучително редок вид тумор кој се шири брзо во срцевага обвивка и може да се открие уште во периодот пред раѓањето. Доколку не се третира, секогаш има фатален крај.