Луѓето постојано се обидуваат да изнајдат нови начини како да го победат казиното во обид да се збогатат со коцкање. Иако среќата е најчесто на страна на куќата, има некои шеми кои можат да зголемат вашите шанси да добиете на рулет.

Алберт Ајнштајн наводно кажал: „Никој не може да победи на рулет, освен ако не ги украде парите кога крупието не гледа.“ Сепак, некои тврдат дека токму врз основа на физиката, Ајнштајновиот предмет, би можеле да добиете. Ајнштајн сметал дека не постои математички трик кој би можел да ви помогне да добиете на рулет. Секое завртување на тркалото е самостоен обид, и долгорочно гледано, казиното секогаш победува.

Но, некои веруваат дека е возможно да се обложувате на начин кој гарантирано ви носи добивка. Но, дали тоа навистина е така?

kz01

Како и метата за пикадо, изгледот на рулетското тркало не е случаен. Неговиот дизајн бил внимателно планиран и си има свои особености. Има два различни вида рулетско тркало – европско и американско. Американското има две нули. Ова е важно, бидејќи ја удвојува предноста на казиното. На европското тркало долгорочно губите 2,7 центи од парите кои ги вложувате, во споредба со американското на кое губите 5,26 центи. Бројките се различно подредени на двете тркала, но има сличности.

На двете тркала наизменично се менуваат црвените и црните бројки, но ако на американското ги извадите нулите, се јавуваат по две црвени и црни бројки по ред. Исто така, тркалата се така осмислени што малите бројки (1-18) и големите (19-36) се измешани колку што е можно повеќе. На европското тркало ова не е случај само во поглед на тоа што 5 се наоѓа до 10, и двете мали бројки. И двете тркала се обидуваат да ги распределат бројките колку што е можно порамномерно, но и кај двете се јавуваат некои неправилности.

kz02 kz03

На европското тркало има две други интересни симетрии. Прво, сите мали црвени бројки и сите големи црни бројки се на едната страна од нулата, а големите црвени и малите црни на другата.

Второ, серијата 29-7-28-12-35-3-26-0-32 не содржи бројки помеѓу 13 и 24. Така, ако вашиот облог го ставите на бројките помеѓу 13 и 24, вашите шанси изнесуваат 2:1.

Едно едноставно пребарување на Гугл ќе ви врати илјадници системи за играње рулет. Некои се лесни, други сложени. Еден систем би требало да биде комбинација од стратегија за играње и стратегија за ракување со пари. Можеби најпознатиот систем е т.н. Мартингејл систем. Овој систем гарантира добивка сѐ додека имате доволно готовина да го удвоите облогот по секоја загуба и не дојдете до лимитот, што најчесто се случува брзо. Според ова Мартингејл системот е веројатно најбрзиот пат до банкрот кој некогаш му бил познат на човекот.

kz04

За која било стратегија да се работи, сите завршуваат исто. Под претпоставка веројатноста да биде избрана било која од бројките, т.е. тркалото да не е местено, математиката вели дека казиното секогаш победува.

Сподели на Facebook
пати видено