Звук како „кога чекан удира по железна кофа“ направила првиот кинески астронаут да се чувствува вознемирен и загрижен за време на неговото прво вселенско патување. Астронаутот Јанг Ливеи го споделил ова во неодамнешно интервју, раскажувајќи за чудни звуци додека бил на 21-часовната мисија на вселенското летало Шенжу 5 во 2003 година. Ливеи изјавил дека по враќањето на Земјата повеќе не ги слушал мистериозните звуци, а други астронаути на Шенжу 6 и Шенжу 7 исто така јавиле за слично удирање по капсулата.

lw01

Ливеи управувал со Шенжу 5 на 16 октомври 2003, кога станал 241. човек кој се нашол во вселената. Иако би требало да слави поради тоа, тој сѐ уште е прогонуван од тоа што го чул додека се наоѓал во леталото.

„Нешто неочекувано со кое се сретнав во вселената е звук на тропање кој се јавуваше од време на време“, вели тој, потсетувајќи се на искуството. „Не беше ниту одвнатре, ниту однадвор, туку звучеше како некој да удира по вселенскиот брод, исто како кога дрвен чекан удира по железна кофа.“

lw02

Звукот многу го вознемирил Ливеи, но тој разгледал да види дали може да го открие потеклото на невообичаениот звук. По 21-часовниот лет, Ливеи се вратил дома и се обидел да го имитира и опише звукот, надевајќи се дека техничарите на вселенската агенција ќе успеат да ја решат загатката. Но, сѐ уште никој не успеал да определи која е причина за ова.

lw03

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено