Расеаниот:
– Што? Душо… тоа под мене не си била ти? Сум се препознал. Извинете ме и двете.
Вработениот:
– Не е тоа што мислиш, душо. Ова е некакво ужасно недоразбирање. Јас во ова време сум на работа, а тебе може ти се причинува нешто. Ова што го гледаш можеби е само фантазија. Ѕвони ми во канцеларијата и ќе се увериш дека сум таму.
Паметниот:
– Види вака, ѝ докажувам на комшивката дека нашата спална не крцка, туку дека нечија друга крцка и ѝ пречи ноќе да заспие. Легнувај и ти, да види дека и тројца да сме, пак нема да крцка.