Изгледа дека некои видови спомени можат да се пренесуваат преку генетскиот код од едно поколение на друго. Ново истражување покажува дека спомените од стресни ситуации можат да се пренесуваат на клеточно ниво. Истражувањето било изведено врз глувци и се покажало дека спомените на страв, сврзани со определена миризба можат да се предадат од родител на дете без тоа да имало никаков претходен контакт со таа миризба. Процеост, познат како епигенетика, не значи дека самите гени се менуваат од стресни собитија, туку попрво дека има промени во начинот на кој тие гени се подредуваат и изразуваат.
Истражувањето, објавено неодамна во престижното списание „Наука“ (Science) обезбедува и докази кон противречната теорија. Многу научници продолжуваат да се скептично настроени кон епигенетиката, бидејќи механизмот сѐ уште не е научно потврден. Во истражувањата кои документираат епигенетско пренесување од родители кон деца сѐ уште не е јасно како точно се пренесува наследството и разбирањето на молекуларно ниво, што се должи на големата сложеност на процесите.
„Ние имаме пример за само еден епигенетски спомен и кој може да се види под микроскоп. Но, тоа е само дел од една голема сложувалка“, објаснува проф. Сузан Стром, биолог од универзитетот на Калифорнија во Санта Круз, која е главен автор на студијата.