Тоа е сонот на секој со бизнис идеја: Направи нешто што луѓето го сакаат и збогати се продавајќи ја идејата по цена од милијарди долари на некоја компанија. Но, што потоа? Би можело да следи чувство на безнадежна изолација – така вели Маркус Персон, познат како Ноч, основачот на мегапопуларната видео игра Мајнкрафт.

Мајкрософт пред речиси една година ја купи Мајнкрафт за 2,5 милијарди долари, а основачот не влезе во тимот на Мајкрософт по продажбата. Но, Персон се разбира започнал да ужива во луксузниот живот. Купил палата од 70 милиони долари, опкружена со огромен ѕид и оттогаш организира луди забави. Сепак, по извесно време сето тоа почнало да му станува здодевно и да станува длабоко осамен.

markus

„Проблемот во тоа да добиете сѐ во животот е што ги снемува причините да се обидувате, а меѓучовечките односи стануваат невозможни поради нерамнотежата“, вели тој во серијата објави на Твитер во кои ја споделува својата осаменост.

„Еве ме на Ибица со куп пријатели и се забавувам со славни луѓе, можам да правам сѐ што ќе посакам, а никогаш не сум се почувствувал повеќе изолиран“, вели тој.

Понекогаш славата и успехот не ја носат посакуваната среќа.

Сподели на Facebook
пати видено