Ако некогаш сте се почувствувале дека онлајн животот ви доаѓа премногу, можеби има решение. Шведска веб страница нуди можност секој кој ќе посака да ги избрише и најмалите траги од својата активност на интернет. Сѐ што треба е да внесете имејл адреса и лозинка, и сајтот ги брише сите траги на интернет поврзани со таа адреса. Оваа услуга, наречена Deseat.me, била дизајнирана од шведските програмери Вил Далбо и Линус Унебак.

dl01

Кога корисниците ќе се логираат со помош на својата Гугл сметка, сите сметки и профили кои биле создадени преку таа сметка се бришат преку Google’s OAuth протоколот. На веб страницата се дадени примери со Фејсбук, Евернот и Дрибл, но можете да избришете сѐ, од профилите на Јутјуб, па сѐ до Линкедин.

dl02

На сајтот стои:

„Ние ви даваме листа на сите сметки и услуги кои сте ги отвориле со помош на вашата имејл адреса. Ви праќаме директни линкови до страницата за нивно бришење и упатства како засекогаш да ја избришете вашата сметка. А бидејќи го користиме протоколот OAuth, немаме пристап до вашите лични информации.“

dl03 dl04

Сподели на Facebook
пати видено