Краставицата е меѓу најодгледуваниот зеленчук во светот и се смета за еден од најздравите видови на храна. А еве и зошто:

9297245_s

Краставица против изгореници

Ако сте се изгориле или имате изгореници од сонце, ставете краставица на тоа место и ќе ја олесни болката и намали отокот.

Краставиците ги отстрануваат токсините

Сета таа вода во краставицата дејствува како виртуелна метла која ги изметува штетните остатоци во организмот. Се вели дека редовното јадење краставици ги растворува камените во бубрегот.

Краставицата изобилува со витамини

Краставицата ги содржи речиси сите витамини кои ви се потребни дневно. Полни се со А, В и С витамини кои го подобруваат вашиот имунитет и ви даваат енергија, а се многу полезни и за вашата кожа.

Краставицата ве снабдува и со минерали полезни за вашата кожа

Краставицата содржи потасиум, магнезиум и силикон. Затоа козметичарите ја препорачуваат и за надворешна употреба.

Краставицата го подобрува варењето и помага во справувањето со вишокот килограми

Ова се должи на високиот процент вода и ниската калоричност. Одлично се комбинира со јогурт и кисело млеко, супи и салати, така што е идеална за вашата диета.

Краставицата ги живнува очите

Овој трик го знае секоја жена. Ставете по едно парче краставица на очите за да се справите со подочниците.

Краставицата се бори со ракот

Познат факт е дека краставицата содржи секолсоларициресинол, ларициресинол и пиноресинол. Трите состојки се поврзани со намалениот ризик на развој на различни видови рак, вклучувајќи рак на јајчниците, дојката, простата и матката.

9954535_m

Краставицата помага при дијабетес, го намалува холестеролот и го регулира крвниот притисок

Сокот од краставица содржи хормон кој е потребен на клетките на панкреасот да произведуваат инсулин. Истражувачите откриле дека соединениот наречено стерол може да го намали нивото на холестерол. Богата е сео растителни влакна, потасиум и магнезиум коишто ефективно го регулираат крвниот притисок. Затоа е добро да јадете краставица, било да имате висок, било да имате низок притисок.

Краставицата ја освежува устата

Сокот од краставицата ги смирува и освежува воспалените непца. Земете парче краставица и притиснете ја на горното непце со јазикот во траење од половина минута. Фитохемикалиите ќе ги убијат бактериите во вашата уста кои предизвикуваат лош здив.

 

14707492_m

Краставицата ги негува вашите коса и нокти

Чудесниот минерал силициум диоксид ги прави вашите нокти и коса посјајни и посилни. Сулфурот и силициумот во краставицата го стимулираат и растот на косата.

Краставица против мамурлак

За да се справите со утринската главоболка и вртоглавица, изедете неколку парчиња краставица пред да си легнете. Краставицата содржи сосема доволно В витамини, шеќер и електролити кои ќе ги намалат симптомите на мамурлукот.

Краставиците ги одржуваат бубрезите во форма

Краставицата го намалува нивото на мочна киселина во вашето тело и со тоа го одржува здравјето на вашите бубрези.

Сподели на Facebook
пати видено