Веќе три години шестчлениот тим на Стејт Оф Плеј во нивното студио во Лондон се обидуваат да дизајнираат нова видео игра. Веројатно веќе има илјадници такви тимови на програмери кои по цели ноќи работат на нивните кодови, но овој тим е малку поразличен. Во него се вклучени архитект, фотограф и изработувач на макети, сите потребни за изработката на амбиентот на видео играта, но во живо. Лумино Сити е игра чиишто елементи првин целосно се изработуваат од хартија, картички, минијатурни светла и мотори. Потоа се фотографираат и софтверски се анимираат. Главниот лик во играта е едно девојче кое се обидува да ја реши мистеријата на исчезнувањето на нејзиниот дедо. Игра која го одзема здивот со својата убавина.

lumino-1

lumino-2

lumino-3

lumino-4

lumino-5

lumino-6

lumino-7

lumino-8

Сподели на Facebook
пати видено