Со вистинската комбинација на креативност, планирање и вештина, луѓето можат да постигнат некои навистина неверојатни нешта. Таков е примерот со овој навистина восхитувачки „направи сам“ проект кој би бил украс за сечиј дом.
За уникатниов аквариум биле потребни месеци на планирање и обмислување, но резултатот го оправдува сето тоа.
За да се сместат сите пумпи LED светилки, потребно е малку да се помачите.
Секогаш е добра замисла да ја проверите електрониката пред да составите сѐ заедно.
А што доаѓа со сета електроника? Многу жици и кабли коишто треба правилно да ги поврзете. Макотрпна работа, но на крајот ќе се исплати.
Инсталирал и макета на носач на авиони со биолошки филтер во аквариумот. Водата мора да се одржува чиста.
Штом еднаш се завршени сите инсталации, време е да се почне со пополнувањето.
Се разбира, на секој аквариум му треба малку украсување. Живо обоените корали се секогаш добредојдени.
Завршениот проект изгледа навистина спектакуларно.